Ставени под контрола 111 пожари, 6 пожари продолжуваат

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли информира дека од 117 пожари коишто зафатија различни области на Турција се ставени под контрола 111 пожари, а 6 пожари продолжуваат во 3 града од кои 3 во Анталија, 2 во Мугла и 1 во Тунџели

1683674
Ставени под контрола 111 пожари, 6 пожари продолжуваат

Турција продолжува да води беспоштедна и самопожртвувана борба против шумските пожари коишто зафатија различни области на земјата. 

Од 117 пожари се ставени под контрола 111, а продолжуваат интензивно работите за ставање под контрола на пожарите во 6 различни локации во 3 градови, 3 во Анталија, 2 во Мугла и 1 во Тунџели.

Министерот за земјоделството и шумарство Бекир Пакдемирли на својот профил на социјалната мрежа Твитер даде информации во врска со најновата состојба на теренот во борбата против шумските пожари.

Министерот Пакдемирли во врска со шумските пожари коишто во периодот 28 јули-01 август 2021 година зафатија различни области на земјата ја даде следната информација: „Моментално на пожарите коишто продолжуваат се интервенира со 13 авиони, 9 беспилотни летала (ИХА), 45 хеликоптери, 1 беспилотен хеликоптер, 708 градежни машини и цистерни за вода, 120 различни видови градежни машини и со персонал од приближно 4.800 лица.“

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли на споделената табела ја даде информацијата дека 111 пожари се ставени под контрола и дека продолжуваат работите за ставање под контрола и гаснење на уште 6 пожари од кои 2 во Анталија, 3 во Мугла и 1 во Тунџели. 



Слични вести