Министерот Пакдемирли: Од 112 шумски пожари 107 се ставени под контрола, 5 пожари продолжуваат

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли информира дека од 112 шумски пожар 105 се ставени под контрола, а продолжуваат работите за ставање под контрола на 5 пожари

1683564
Министерот Пакдемирли: Од 112 шумски пожари 107 се ставени под контрола, 5 пожари продолжуваат

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер информира дека 112 шумски пожари коишто избувнаа во различни области на земјата 107 се ставени под контрола, а 5 пожари продолжуваат.

Пакдемирли го истакна следното: „Од 112 шумски пожари коишто избувнаа во периодот 28 јули-01 август 2021 година 107 ставивме под контрола. Без прекин продолжуваат работите за ставање под контрола на 5 пожари коишто продолжуваат.“

Министерот Пакдемирли сподели и табела на која се гледа дека продолжуваат 2 пожари во Анталија (Манавгат, Ѓундогмуш), 3 во Мугла (Мармарис, Ќојџегиз, Милас).

На шумските пожари во населените места Мармарис и Ќојџегиз се интервенира од воздух и од копно.

Во овдешните работи за гаснење се доставува поддршка и од страна на 100 лица од Министерството за вонредни состојби на Азербејџан.

Пожарите коишто избувнаа во шумските предели на населеното место Милас продолжуваат во маалата Ѓокпинар, Јукариу Мази и месноста Арбутчук кај населеното место Бодрум.

На огнената стихија интервенираат голем број возила и противпожарни екипи на Регионалната дирекција за шумарство на Мугла и од околните градови и населени места кои се испратени како засилување.

Во шумскиот предел за да се спречи да бидат оштетени населените места се работи интензивно со голем број градежни машини и опрема.

 



Слични вести