Пораки со поддршка и солидарност од светот до Турција поради шумските пожари

Продолжуваат да пристигнуваат пораки со поддршка, солидарност и сочувство од голем број земји во светот до Турција поради катастрофата од шумските пожари

1683113
Пораки со поддршка и солидарност од светот до Турција поради шумските пожари

Малезија објави порака со сочувство за загинатите во шумските пожари коишто избувнаа во различни области на Турција.

Малезискиот министер за надворешни работи Хишамуддин Хусејин во споделената објава на својот профил на социјалната медија го истакна следното: „Малезија од се срце го изразува своето сочувство поради човечките загуби предизвикани од шумските пожари во Турција и во Анталија, родното место на мојот драгоцен брат (министерот за надворешни работи) Мевлут Чавушоглу.“ 

Хишамуддин Хусејин рече: „Во овие тепки времиња нашите дови (молитви) се со турската Влада и турскиот народ.“

Малезиската граѓанска организација Советодавниот одбор за исламска организација на Малезија (MAPIM) исто така објави соопштение со солидарност и сочувство до Турција поради катастрофата од пожарите.

Претседателот на MAPIM Мохд Азми Абдул Хамид истакна дека Малезија ја споделува болката на турскиот народ.

Јордан објави писмено соопштение во кое се вели дека е покрај Турција која води борба против шумските пожари.

Портпаролот на јорданското министерство за надворешни работи Дајфуллах ал-Фајиз изрази сочувство до блиските на загинатите во шумските пожари во Турција.

Фајиз рече дека Јордан стои покрај братскиот турски народ во овој тежок ден.

Од друга страна, за поддршка во борбата против шумските пожари во градот Мугла пристигна првата група од екипите во склопот на Министерството за вонредни состојби на Азербејџан.

Групата составена од 100 лица од Аеродромот Хајдар Алиев во Баку со авион пристигна на Аеродромот Даламан кај Мугла и ќе даде поддршка на работите за гаснење на овдешните шумски пожари.

Федерацијата на Босна и Херцеговина, едниот од двата ентитета на Државата Босна и Херцеговина исто така соопшти дека ќе испрати помош со цел да се даде поддршка на работите за ставање под контрола на шумските пожари коишто избувнаа во различни области на Турција.

Европската унија (ЕУ) ја даде пораката за соработка по прашањето на пожарите во Турција.

Еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчиќ објави соопштение преку својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Во соопштението Ленарчиќ истакна дека ги следат пожарите на средоземноморските и егејските крајбрежја на Турција и изрази сочувство до лицата кои ги загубија своите сакани во овие пожари. 

Велејќи „Ние сме спремни за помош“, Јанез Ленарчиќ ги сподели и знамињата на Европската унија (ЕУ) и Турција коишто ја симболизираат соработката.

Пакистанскиот премиер Имран Хан информира дека неговата земја е спремна за помош на Турција поради шумските пожари коишто продолжуваат во различни области.

Имран Хан во споделената објава на својот профил на социјалната мреже Твитер истакна дека ја споделуваат болката на Владата и народот на Турција за загинатите во пожарите и стојат покрај нив.

Тој напомена дека се спремни за доставување на секој вид помош од којашто има потреба Турција во ова тешко време.

Министерството за итни состојби на Русија соопшти дека на Турција ќе ѝ биде испратена воздухопловна група составена од 11 воздушни летала за борба против шумските пожари.

Претседателот на Турската полумесечина „Кизилај“ на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Сезаи Сезен посака што побрзо да бидат пребродени шумските пожари во Турција.

Велејќи дека од се срце ја споделуваат болката на турскиот народ, Сезен информира дека Турската полумесечина „Кизилај“ на Северен Кипар започна кампања за донирање под слоганот „Да ги излечиме срцата“, а со цел да се достави макар и малку поддршка на борбата на Турција против шумските пожари.

Претседателот на Казахстан Касим Жомарт Токаев исто така испрати порака со солидарност до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган поради шумските пожари во Турција.

Според објавеното соопштение од страна на Берк Уали, портпаролот за печат во кабинетот на претседателот на Казахстан, претседателот Токаев во својата порака истакна дека чувствува жалење поради шумските пожари коишто не се видени досега во Турција и кои влијаат негативно на економијата, туризмот и просперитетот на земјата.

Велејќи дека Казахстан е спремен да му достави хуманитарна помош на братскиот турски народ, Токаев му посака успех на претседателот Ердоган во борбата против елементарната непогода.

 



Слични вести