Од 98 шумски пожари 88 се ставени под контрола

Од 98 шумски пожари коишто се појавија во различни области во над 20 градови низ Турција 88 се ставени под контрола

1683138
Од 98 шумски пожари 88 се ставени под контрола

Турција продолжува да води беспоштедна борба против шумските пожари коишто избувнаа во голем број различни области на земјата.

Од 98 шумски пожари коишто се појавија во над 20 градови низ Турција 88 се ставени под контрола.

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Од 98 шумски пожари коишто избувнаа во периодот 28-31 јули 2021 година 88 ставивме под контрола. Со голема самопожртвуваност и борба продолжуваат работите за ставање под контрола на 10 пожари.“

На табелата којашто е споделена исто така од страна на министерот Бекир Пакдемирли стои информацијата дека во моментов продолжуваат шумските пожари на една локација во градот Адана, 3 локации во Анталија, 3 во Мерсин, 2 во Мугла и на една локација во градот Османије.



Слични вести