Областите зафатени од шумски пожари прогласени за „Области погодени од катастрофа“

Претседателот Ердоган соопшти дека областите зафатени од шумски пожари во градовите Анталија, Мугла, Мерсин, Адана и Османије се прогласени за „Области погодени од катастрофа којашто влијае на општиот живот“

1683172
Областите зафатени од шумски пожари прогласени за „Области погодени од катастрофа“

Областите зафатени од шумски пожари во градовите Анталија, Мугла, Мерсин, Адана и Османије се прогласени за „Области погодени од катастрофа којашто влијае на општиот живот“.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер го истакна следното: „Областите зафатени од шумски пожари ги прогласивме за 'Области погодени од катастрофа којашто влијае на општиот живот'. Ќе продолжиме да ги преземаме сите неопходни чекори за да ги излечиме раните на нашиот народ, да ги надоместиме неговите загуби и да му  ги доведеме можностите за живот во подобра состојба и од онаа досега.“

Претседателот Ердоган на графичкиот приказ што го сподели заедно со картата на Турција на која се прикажани областите погодени од пожарите ги прикажа и „Областите погодени од катастрофа којашто влијае на општиот живот“.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган изрази жалење поради катастрофата што ги погоди споменатите области, на загинатите им посака милост од Аллах и го изрази своето сочувство до нивните семејства.

Според тоа, за Областите погодени од катастрофа се прогласени населените места Манавгат, Аксеки, Аланја, Ѓундогмуш и Газипаша кај градот Анталија; населените места Мармарис, Бодрум, Милас, Ќојџегиз и Сејдикемер кај градот Мугла; населените места Ајдинџик и Силифке кај градот Мерсин; населените места Меркез и Кадирли кај градот Османије; и населените места Аладаг, Имамоглу, Караисали и Козан кај градот Адана.

Инаку, министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли утрово информира дека од вкупно 98 шумски пожари коишто избувнаа во различни области низ земјата 88 се ставени под контрола.

 



Слични вести