Ердоган замина за Анталија за увид на лице место во областите зафатени од шумските пожари

Претседателот Ердоган во пладневните часови од неговиот дом во Кисикли во Истанбул дојде на Аеродромот Ататурк и оттука замина за Анталија за увид на лице место во областите зафатени од шумските пожари

1683278
Ердоган замина за Анталија за увид на лице место во областите зафатени од шумските пожари

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за кого се планираше денеска да учествува на низа организирани програми во градот Кахраманмараш ги откажа сите негови тамошни програми и замина за градот Анталија за увид на лице место во областите зафатени од шумските пожари.

Претседателот Ердоган во пладневните часови од неговиот дом во Кисикли во Истанбул дојде на Аеродромот Ататурк и оттука замина за Анталија.

Ердоган по брифингот што ќе му биде даден во Младинскиот центар во Манавгат кадешто ќе биде информиран за најновата состојба на теренот и ќе направи увид на лице место во местата зафатени од пожарите, оттука ќе замине за Мармарис.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во текот на денот на своите профили преку социјалните медиуми сподели информација во која истакна дека областите зафатени од шумски пожари во градовите Анталија, Мугла, Мерсин, Адана и Османије се прогласени за „Области погодени од катастрофа којашто влијае на општиот живот“.

 



Слични вести