Ердоган од хеликоптер направи увид во областите зафатени од шумските пожари во Манавгат кај Анталија

Претседателот Ердоган во населеното место Манавгат кај градот Анталија од хеликоптер направи увид на лице место во областите зафатени од шумските пожари

1683307
Ердоган од хеликоптер направи увид во областите зафатени од шумските пожари во Манавгат кај Анталија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган дојде во населеното место Манавгат кај градот Анталија кадешто од хеликоптер направи увид на лице место во областите зафатени од шумските пожари.

Претседателот Ердоган беше придружуван од страна на министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли од чија страна за време на обиколката и увидот беше информиран за најновата состојба на теренот во борбата којашто се води за ставање под контрола и гаснење на пожарите.  

Ердоган од Анталија се очекува да замине за населеното место Мармарис кај градот Мугла кадешто исто така ќе направи увид на лице место на работите за ставање под контрола на шумските пожари коишто беснеат веќе неколку дена.

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се планираше денеска да учествува на низа организирани програми во градот Кахраманмараш, но тој ги откажа сите негови тамошни програми и замина за градот Анталија за увид на лице место во областите зафатени од шумските пожари.

 



Слични вести