Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 69 лица, регистрирани се 22.083 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 69 лица, направени се 256.460 тестирања од кои дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 22.083

1683081
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 69 лица, регистрирани се 22.083 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 69 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 256.460 тестирања, додека дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 22.083.

Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 5.752 лица.

Вкупниот број на администрирани дози вакцини во Турција со првата, втората и третата доза заклучно со денеска 31 јули 2021 година, сабота во 08:50 часот по турско време, се зголеми на 72 милиони 744 илјади 321.

 



Слични вести