Во реализирана воздушна операција на северот на Ирак се уништени 40 терористички цели

Вчера беше реализирана воздушна операција врз цели коишто се користат од страна на терористите во областите на Кандил, Гара, Хакурк и Зап во северниот дел на Ирак во која се уништени приближно 40 терористички цели

1682747
Во реализирана воздушна операција на северот на Ирак се уништени 40 терористички цели

Во реализирана воздушна операција во северниот дел на Ирак се погодени 40 терористички цели.

Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат со реализирање на операции во рамките на борбата против тероризмот коишто се водат на ефикасен и обемен начин против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, како внатре во границите на земјата, така и надвор преку границата.

Вчера беше реализирана воздушна операција врз цели коишто се користат од страна на терористите во областите на Кандил, Гара, Хакурк и Зап во северниот дел на Ирак.

Притоа во операцијата се уништени приближно 40 терористички цели составени од засолништа, скривници и складишта за муниција, места т.н. штабови и пештери на терористите. На тој начин  е нанесен тежок удар на присуството на терористичката организација во наведените области.

Во објавеното соопштение на Министерството за национална одбрана се истакнува следното: „Турските вооружени сили (ТВС) кои потекнуваат од нашиот племенит народ ќе ја продолжат борбата против тероризмот за воспоставување на безбедноста на нашата земја и на нашиот народ, се додека не биде неутрализиран и последниот терорист.“

 



Слични вести