Турција води борба со шумските пожари кои беснеат во голем број области на земјата

Продолжуваат шумските пожари во населеното место Манавгат кај градот Анталија, во градовите Адана, Османије, Мерсин, Кајсери, Ќутахја и во населените места Мармарис, Милас и Бодрум кај градот Мугла

1682449
Турција води борба со шумските пожари кои беснеат во голем број области на земјата

Турција води силна борба против шумските пожари коишто избувнаа во 53 различни области во 21 град, а поготово во јужните делови од кои досега еден дел успешно се ставени под контрола.

Во пожарите животите ги загубија 4 лица.

Според најнови добиени информации се ставени под контрола 43 од вкупно 63 шумски пожари коишто во последните два дена избувнаа во различни области на Турција. 

Продолжуваат шумските пожари во населеното место Манавгат кај градот Анталија, во градовите Адана, Османије, Мерсин, Кајсери, Ќутахја и во населените места Мармарис, Милас и Бодрум кај градот Мугла.

Министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли заедно и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум, во Центарот за управување со шумскиот пожар во населеното место Манавгат кај Анталија ги информираа новинарите во врска со пожарите.

Министерот Бекир Пакдемирли претходно соопшти дека на 27 и 28 јули избувнаа 53 шумски пожари во 17 градови низ цела Турција од кои 38 се ставени под контрола.

Велејќи дека против шумските пожари во кои животите ги загубија 4 лица се води беспоштедна борба со 3 авиони за гаснење, 38 хеликоптери, 472 цистерни за вода и градежни машини, како и персонал од 4 илјади лица, министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли рече: „За истражување на причината на шумските пожари се води многустрана истрага со безбедносните сили и судските органи.“

 



Слични вести