Претседателот Ердоган: Интензивно продолжува истрагата за причината за шумските пожари

Претседателот Ердоган истакна дека на интензивен начин продолжува истрагата во врска со шумските пожари коишто избувнаа во различни области на Турција

1682914
Претседателот Ердоган: Интензивно продолжува истрагата за причината за шумските пожари

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на излегува од клањање на џума намаз (петочната молитва) во Истанбул даде изјави за новинарите.

Ердоган истакна дека на интензивен начин продолжува истрагата во врска со шумските пожари коишто избувнаа во различни области на Турција и го рече следното: „На интензивен начин продолжува истрагата во врска со пожарите коишто се појавија едновремено во различни земји на нашата земја. Се стои на тоа дали овде постои одредена саботажа, подметнување, такво нешто.“

Велејќи дека се мобилизирани сите можности за работите за гаснење на пожарите, претседателот Ердоган рече: „Заклучно со денеска бројот на авионите е зголемен на 5-6. Меѓу тие авиони има авиони земени од Русија, Украина. И Азербејџан ќе испрати еден авион. Ги истражуваме областите и со нашите беспилотни летала „ИХА“. /.../ Во 1.140 локации пак, продолжува борбата против шумските пожари. Од 28 до 30 јули за жал избувнаа 71 шумски пожар, 57 се ставени под контрола, продолжуваат работите за ставање под контрола на 14 шумски пожари.“

Тој нагласи дека нема да биде оштетен ниту еден граѓанин кој е погоден и има претрпено загуби од шумските пожари.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се осврна и на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во врска со што рече дека до денеска се администрирани приближно 72 милиони дози вакцини.

Појаснувајќи дека додека постојат земји кои немаат можност за вакцинација Турција не се соочи со таков проблем, претседателот Ердоган додаде дека се преземени сите превентивни мерки и дека ќе се водат напори за забрзување на нормализацијата.

 



Слични вести