Пораки со солидарност од светот до Турција во борбата против шумските пожари

Пристигнуваат пораки со поддршка од различни земји од светот до Турција која води борба против шумските пожари коишто избувнаа во различни области на земјата

1683032
Пораки со солидарност од светот до Турција во борбата против шумските пожари
Türkiye yangın süper
Türkiye yangın süper
yangin.jpg
orman yangınları Marmaris.jpg

Пристигнуваат пораки со поддршка и солидарност од различни земји на светот до Турција која води борба против шумските пожари коишто избувнаа во различни области на земјата.

Турската Република Северен Кипар (ТРСК) испрати порака со поддршка на Турција во борбата против шумските пожари.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар, во врска со шумските пожари коишто избувнаа во неколку градови на Турција меѓу кои се наоѓаат и Анталија и Мугла го побара по телефон потпретседателот Фуат Октај до кого ја изрази својата желба за што побрзо пребродување на оваа состојба.

Според добиени информации од потпретседателството на кабинетот на претседателот, претседателот Татар истакна дека чувствува големо жалење во свое сопствено име и во име на народот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) поради пожарите во Турција и го рече следното: „Болката на нашата Турција е наша болка. Аллах да го сочува нашиот народ.“

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсан Санер исто така истакна дека се подготвени да ја исполнат секој вид задача којашто и се паѓа на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) по прашањето на пожарите во Турција.

Азербејџанскиот премиер Али Асадов истакна дека пријателски и братски Азербејџан со сите свои можности стои покрај Турција.

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф во пораката со солидарност што ја објави поради шумските пожари во Турција на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Нашите дови (молитви) и можности ќе бидат во услуга на нашите браќа во Турција.“

Зариф во пораката што ја сподели на турски јазик го истакна следното: „Многу сум погоден од пожарите коишто избувнаа во некои области на Турција. Ги споделуваме болките на турската Влада и на турскиот народ и ќе бидеме покрај нив.“

Портпаролот на иранското Министерство за надворшени работи Саид Хатибзаде пак, рече дека чувствуваат жалење поради шумските пожари во Турција.

Хатибзаде во ибјавеното писмено соопштение на интренет страницата на Министерството за надворешни работи истакна дека се во солидарност со властите на Турција и турскиот народ поради шумските пожари.

Истиот ирански функционери го изрази своето сочувство до блиските на загинатите во пожарите и истакна дек се спремни за помош.

Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куејши во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го изрази своето сочувство до Турската Влада и до како што рече „браќата во Турција“ поради човечките загуби и штетите во смртоносните шумски пожари и ја достави поддршката на неговата земја.

Францускиот министер за надворшени работи Жан-Ив Ли Дријан во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер нагласи дека Франција е спремна за доставување на неопходната поддршка на турските власти и го истакна следното: „Сме во целосна солидарност со турскиот народ које погоден од пожари коишто избувнаа во голем број градови на Турција. Го изразруваме нашето сочувство до семејствата на жртвите, на екипите за цивилна одбрана кои се моблизирана им посакуваме успешна работа.“

Исто така и Амбасадата на Франција во Анкара пораката на министерот за надворшени работи Жан-Ив Ли Дријан ја објави на турски јазик на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за Турција Начо Санчез Амор на својот профил на социјалната медија истакна дека неговото срце е со турскиот народ , противпожарните екипи и надлежните кои водат борба против пожарите, а воедно го изрази своето сочувство за загинатите. 

Сачнез Амор го напиша следното: „Сите многу добро ја знаеме оваа опасност низ Медитеранот. Ќе се бориме заедно.“

Малезија објави порака со сочувство за загинатите во шумските пожари коишто избувнаа во различни области на Турција.

Малезискиот министер за надворешни работи Хишамуддин Хусејин во споделената објава на својот профил на социјалната медија го истакна следното: „Малезија од се срце го изразува своето сочувство поради човечките загуби предизвикани од шумските пожари во Турција и во Анталија, родното место на мојот драгоцен брат (министерот за надворешни работи) Мевлут Чавушоглу.“ 

Хишамуддин Хусејин рече: „Во овие тепки времиња нашите дови (молитви) се со турската Влада и турскиот народ.“

Малезиската граѓанска организација Советодавниот одбор за исламска организација на Малезија (MAPIM) исто така објави соопштение со солидарност и сочувство до Турција поради катастрофата од пожарите.

Претседателот на MAPIM Мохд Азми Абдул Хамид истакна дека Малезија ја споделува болката на турскиот народ.

Јордан објави писмено соопштение во кое се вели дека е покрај Турција која води борба против шумските пожари.

Портпаролот на јорданското министерство за надворешни работи Дајфуллах ал-Фајиз изрази сочувство до блиските на загинатите во шумските пожари во Турција.

Фајиз рече дека Јордан стои покрај братскиот турски народ во овој тежок ден.

Од друга страна, за поддршка во борбата против шумските пожари во градот Мугла пристигна првата група од екипите во склопот на Министерството за вонредни состојби на Азербејџан.

Групата составена од 100 лица од Аеродромот Хајдар Алиев во Баку со авион пристигна на Аеродромот Даламан кај Мугла и ќе даде поддршка на работите за гаснење на овдешните шумски пожари.

Федерацијата на Босна и Херцеговина, едниот од двата ентитета на Државата Босна и Херцеговина исто така соопшти дека ќе испрати помош со цел да се даде поддршка на работите за ставање под контрола на шумските пожари коишто избувнаа во различни области на Турција.

Европската унија (ЕУ) ја даде пораката за соработка по прашањето на пожарите во Турција.

Еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчиќ објави соопштение преку својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Во соопштението Ленарчиќ истакна дека ги следат пожарите на средоземноморските и егејските крајбрежја на Турција и изрази сочувство до лицата кои ги загубија своите сакани во овие пожари. 

Велејќи „Ние сме спремни за помош“, Јанез Ленарчиќ ги сподели и знамињата на Европската унија (ЕУ) и Турција коишто ја симболизираат соработката.

Пакистанскиот премиер Имран Хан информира дека неговата земја е спремна за помош на Турција поради шумските пожари коишто продолжуваат во различни области.

Имран Хан во споделената објава на својот профил на социјалната мреже Твитер истакна дека ја споделуваат болката на Владата и народот на Турција за загинатите во пожарите и стојат покрај нив.

Тој напомена дека се спремни за доставување на секој вид помош од којашто има потреба Турција во ова тешко време.

Министерството за итни состојби на Русија соопшти дека на Турција ќе ѝ биде испратена воздухопловна група составена од 11 воздушни летала за борба против шумските пожари.

Претседателот на Турската полумесечина „Кизилај“ на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Сезаи Сезен посака што побрзо да бидат пребродени шумските пожари во Турција.

Велејќи дека од се срце ја споделуваат болката на турскиот народ, Сезен информира дека Турската полумесечина „Кизилај“ на Северен Кипар започна кампања за донирање под слоганот „Да ги излечиме срцата“, а со цел да се достави макар и малку поддршка на борбата на Турција против шумските пожари.

Претседателот на Казахстан Касим Жомарт Токаев исто така испрати порака со солидарност до претседателот Реџеп Тајјип Ердоган поради шумските пожари во Турција.

Според објавеното соопштение од страна на Берк Уали, портпаролот за печат во кабинетот на претседателот на Казахстан, претседателот Токаев во својата порака истакна дека чувствува жалење поради шумските пожари коишто не се видени досега во Турција и кои влијаат негативно на економијата, туризмот и просперитетот на земјата.

Велејќи дека Казахстан е спремен да му достави хуманитарна помош на братскиот турски народ, Токаев му посака успех на претседателот Ердоган во борбата против елементарната непогода.

Пораки со сочувство, солидарност и поддршка поради шумските пожари коишто избувнаа во различни области на Турција претходно објавија и Европската унија (ЕУ), Србија, Велика Британија и Унгарија.

 

 

 



Слични вести