Пораки со сочувство од ЕУ, Србија, Велика Британија и Унгарија до Турција

Пристигнуваат пораки со сочувство и подршка до Турција во врска со шумските пожари коишто избувнаа во различни области на Турција

1682888
Пораки со сочувство од ЕУ, Србија, Велика Британија и Унгарија до Турција

Европската унија (ЕУ), Србија, Велика Британија и Унгарија споделија објави со сочувство за загинатите во шумските пожари во Турција.

Во споделената објава на профилот на Делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција преку социјалната мрежа Твитер се истакнува дека се чувствува длабоко жалење од шумските пожари коишто избувнаа во различни области на Турција и се вели следното: „Го изразуваме нашето сочувство до блиските на загинатите во пожарите, на екипите кои водат борба за гаснење на пожарите им посакуваме успех. ЕУ ја споделува болката на Турција.“

Според објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи, министерот за надворешни работи на Србија Никола Селаковиќ вчера во вечерните часови го побара по телефон министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на кого му посака да бидат пребродени пожарите коишто продолжуваат во различни области на Турција и го изрази своето сочувство за граѓаните кои ги загубија животите.

Амбасадорот на Унгарија во Анкара Виктор Матис во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека се многу жалосни вестите и фотографиите коишто доаѓаат од Манавгат, Мармарис и од другите области,  го изразија своето сочувство до семејствата на загинатите во пожарите и посака Турција што поскоро да ја преброди оваа состојба.

Унгарскиот амбасадор во Анкара Виктор Матис исто така нагласи дека им се заблагодарува и на лицата кои се вклучени во работите за гаснење на пожарите.

Амбасадорот на Велика Британија во  Анкара Доминик Чилкот на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека чувствува големо жалење поради вестите за шумските пожари во Турција и разорното дејство коишто го создаваат.

Тој ја сподели следната порака: „Нашите мисли и молитви се со екипите за итна интервенција кои ги доведуваат во опасност своите сопствени животи за доставување помош на погодените од овие настани и на оние кои имаат потреба од помош.“

 



Слични вести