Ердоган: Државата е мобилизирана со сите свои можности за ставање под контрола на шумските пожари

Претседателот Ердоган истакна дека државата ги мобилизира сите свои можности за ставање под контрола и целосно гаснење на шумските пожари кои што избувнаа во голем број различни области на земјата и дека стојат покрај граѓаните за санирање на раните

1682487
Ердоган: Државата е мобилизирана со сите свои можности за ставање под контрола на шумските пожари

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека се мобилизирани сите можности на државата за ставање под контрола и целосно гаснење на шумските пожари кои што избувнаа во голем број различни области низ Турција.

Претседателот Ердоган постојано остварува телефонски разговори со министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли, министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кои се наоѓаат во областите кадешто се појавија шумски пожари и од кои добива навремени информации во врска со работите коишто се водат за ставање под контрола на пожарите и за тамошните случувања на теренот. 

Претседателот Ердоган изрази сочувство за четворицата граѓани кои ги загубија животите во шумските пожари и изрази желба за опоравување и надминување на состојбата во областите зафатени од пожари.

Велејќи дека државата ги мобилизира сите свои можности за  ставање под контрола и целосно гаснење на шумските пожари кои што избувнаа во голем број различни области на земјата, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека стојат покрај граѓаните за санирање на раните од пожарите.



Слични вести