Алтун: Претседателот ги мобилизира сите можности на државата за ставање под контрола на пожарите

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун информира дека претседателот Ердоган ги мобилизира сите можности на државата за ставање под контрола на пожарите во шумите кои претставуваат национално богатство и за санирање на раните

1682492
Алтун: Претседателот ги мобилизира сите можности на државата за ставање под контрола на пожарите

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека шумските пожари коишто избувнаа во различни области на земјата ги изгореа срцата на сите, на граѓаните кои ги загубија животите (четворица граѓани) им посака милост од Аллах, а на повредените им посака побрзо оздравување.

Алтун информира дека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ги мобилизира сите можности на државата за ставање под контрола на пожарите во шумите кои претставуваат национално богатство и за санирање на раните на погодените граѓани од шумските пожари кои избувнаа во голем број различни области низ земјата. 

Фахреттин Алтун во својата објава ја сподели и следната информација: „Почитуваниот претседател ги мобилизира сите можности за државата за ставање под контрола на пожарите во шумите кои претставуваат национално богатство и за санирање на раните на погодените граѓани. Сите наши институции ги продолжуваат своите активности покрај нашите граѓани на теренот.“

Велејќи дека се започнати обемни истраги во врска со причините за појава на шумските пожари шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун го истакна следното: „Одговорните во најскоро време ќе ја платат сметката за овој напад што го започнаа врз нашата природа и нашите шуми. Нашите дови (молитви) се со шумските јунаци кои водат борба против пожарите. Што поскоро да го пребродиме ова.“

 

 



Слични вести