Алтун: Од 63 шумски пожари 43 се ставени под контрола

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун информира дека се ставени под контрола 43 од вкупно 63 шумски пожари коишто избувнаа во последните два дена во различни области на Турција

1682572
Алтун: Од 63 шумски пожари 43 се ставени под контрола

Според најнови добиени информации се ставени под контрола 43 од вкупно 63 шумски пожари коишто избувнаа во последните два дена во различни области на Турција.

Шефот на одделот за комуникации на претседателството Фахреттин Алтун во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели фотографија со насловот „Државата мобилизирана за нашите шуми“ кадешто информира за бројот на возилата и персоналот кои се вклучени во борбата против шумските пожари.

Алтун во објавата напиша: „Надлежните институции и организации со персонал од приближно 4 илјади лица, стотици возила и опрема  интервенираат од воздух и од копно против шумските пожари коишто избувнаа во 21 град.“

Фахреттин Алтун информира дека од 63 шумски пожари коишто избувнаа во последните два дена 43 се ставени под контрола и работите за ставање под контрола и за гаснење на пожарите се водат со претпазливост.



Слични вести