Со операција на МИТ во северниот дел на Ирак фатен терорист по кого е распишана црвена потерница

Терористот Џимшит Демир по кого е распишана црвена потерница со реализирана точка операција од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) е фатен во северниот дел на Ирак и е донесен во Турција

1682404
Со операција на МИТ во северниот дел на Ирак фатен терорист по кого е распишана црвена потерница

Со реализирана операција од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) во северниот дел на Ирак е фатен и донесен во Турција терористот Џимшит Демир познат под кодното име „Пиро Каркер“, член на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК по кого се трага со црвен билтен и кој се подготвувал да избега во Европа.

Според добиени информации од безбедносни извори, терористот Џимшит Демир по кого од страна на Интерпол е распишана црвена потерница и кој ѝ се приклучил на терористичката организација во 2009 година од градот Агри, е установено дека од руралното подрачје на планината Тендурек преминал во северниот дел на Ирак.

Терористот делувал во име на терористичката организација во областите Хакурк, Гара и Кандил во северниот дел на Ирак, во 2014 година преминал во Сирија и во текот на една година делувал во редовите на ПЈД/ЈПГ и како последно делувал во редовите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/КЏК на планината Кандил.

Терористот Џимшит Демир за кого претходно било установено дека од Ирак ќе избега во Европа со реализирана точка операција од страна на Националната разузнавачка служба (МИТ) е фатен во северниот дел на Ирак и е донесен во Турција.



Слични вести