Од почетокот на годината досега се неутрализирани вкупно 1.595 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека од почетокот на годината досега се неутрализирани вкупно 1.595 терористи

1682403
Од почетокот на годината досега се неутрализирани вкупно 1.595 терористи

Од почетокот на годината досега се неутрализирани вкупно 1.595 терористи.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за национална одбрана се истакнува дека во последните два месеци се реализирани 40 операции против терористичките организации внатре во границите на земјата и надвор преку границата од кои 10 од голем и 30 од среден обем, а од почетокот на годината досега се неутрализирани вкупно 1.595 терористи.

Во соопштението се истакнува дека успешно според планираното продолжуваат операциите „Шепа-Молња“ („Pençe-Şimşek“) и „Шепа-Гром“  („Pençe-Yıldırım“) коишто започнаа на 23 април и се реализираат истовремено во областите Метина и Авашин-Басјан во северниот дел на Ирак, а воедно се вели дека од почетокот на операциите се неутрализирани 215 терористи, уништени се приближно 300 пештери/засолништа и повеќе од 600 мини/експлозиви од рачна изработка, а се запленети и големи колични оружје, муниција и материјали за обезбедување на животните потреби.

Се привлекува внимание дека со цел да бидат заштитени копнените граници и да биде воспоставена безбедноста на Турција постојано се развиваат можностите и способностите на пограничните единици и се појаснува дека под светлината на последните случувања се реализирани потребните преместувања и засилувања на границата со Иран и турските војници Мехметчик ги реализираат неопходните активности за спречување на случаите на прекршување на границата.

Во соопштението на Министерството за национална одбрана исто така се наведува дека Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат безбедно да управуваат со Меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во главниот град на Авганистан, Кабул чија задача таму продолжува веќе 6 години и се додава следното: „Доколку биде продолжена оваа задача елементите на Турските вооружени сили (ТВС) нема да имаат борбена задача во Авганистан и нема да реализираат оперативни задачи освен во случај на самоодбрана.“

 



Слични вести