Ердоган: „Бунарите во Црното море не се први и секако нема да бидат ни последни“

Се вложуваат големи напори како на маса така и на терен за да првата фаза на црноморскиот гас се испорача до 2023 година

1681965
Ердоган: „Бунарите во Црното море не се први и секако нема да бидат ни последни“

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „Бунарите (природен гас) што ги избушивме во Црното Море не се први и нема да бидат последни“.

Претседателот Ердоган преку видео конференција во живо присуствуваше на церемонијата на палење гас во полето Сакарија.

Потсетувајќи дека бродот за дупчење Фатих открил 540 милијарди кубни метри природен гас за околу една година, Ердоган рече:

„Овие бунари што ги избушивме во Црното Море не се први и секако нема да бидат последни“

Нагласувајќи дека со воведувањето на црноморскиот гас, значително ќе се намали надвоешната зависност во оваа област, Ердоган подвлече:

„Се вложуваат големи напори како на маса така и на терен за да првата фаза на црноморскиот гас се испорача до 2023 година“.



Слични вести