Во вооружен судир со терористите во северниот дел на Ирак загинаа двајца турски војници

Министерството за национална одбрана соопшти дека во вооружена престрелка со терористите во областа Хакурк во подрачјето на операцијата „Шепа“ во северниот дел на Ирак, станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници

1681210
Во вооружен судир со терористите во северниот дел на Ирак загинаа двајца турски војници

Во вооружена престрелка со терористите во подрачјето на операцијата „Шепа“ којашто продолжува да се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Ирак, станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека за време на активностите за пребарување на теренот во област Хакурк во подрачјето на операцијата „Шепа“ во северниот дел на Ирак дојде до вооружена престрелка со група терористи, членови на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во соопштението се вели дека во вооружената престрелка помеѓу турските војници и терористите станаа шехиди (загинаа) двајца војници, а еден војник е ранет кој веднаш е префрлен во болница.

Во вооружената престрелка е неутрализиран и еден терорист на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Турските војници ги продолжуваат активностите за пребарување на теренот.



Слични вести