Турција го осуди соопштението на ЕУ по прашањето на Мараш

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич информира дека се осудува објавеното соопштение во име на Европската унија (ЕУ) по прашањето на Мараш

1681304
Турција го осуди соопштението на ЕУ по прашањето на Мараш

Турција соопшти дека го осудува соопштението коешто е објавено во име на Европската унија (ЕУ) по прашањето на Затворениот Мараш во Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич одговори писмено на едно поставено прашање и нагласи дека овие и слични соопштенија и изјави коишто го изоставуваат од вид правото на кипарскиот турски народ се откинати од вистините и ги презентираат само ставовите на кипарско-грчката страна и дека истите немаат никаква вредност и валидност од аспект на Турција. 

Подвлекувајќи дека овој пристрасен став на Европската унија (ЕУ) кој се изнесува под изговори како што се солидаризација меѓу членки и загриженост од вето исто така не можат да придонесат и за решавање на ниту еден проблем, Билгич информира дека се осудува објавеното соопштение во име на Европската унија (ЕУ) по прашањето на Мараш.

Портпаролот Танжу Билгич, нагласувајќи дека Турција целосно ги поддржува предлозите и сите донесени одлуки од страна на властите на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за решавање на Кипарското прашање и по прашањето на иницијативата за Мараш, го рече следното: „Иницијативата за Мараш е одлука којашто е донесена од страна на Владата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК). Европската унија (ЕУ), треба да ги одржи своите ветувања коишто му ги даде на кипарскиот турски народ по Анановиот план во 2004 година и треба да научи да ја земе Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за соговорник.“



Слични вести