Шентоп: Турско-азербејџанското заедништво е значајно особено за турските Републики од Централна Азија

Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп изјави во Баку дека реалноста што се појави со заедништвото помеѓу Турција и Азербејџан е значајна и од аспект на регионалните земји и особено од аспект на турските Републики во Централна Азија

1681724
Шентоп: Турско-азербејџанското заедништво е значајно особено за турските Републики од Централна Азија

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во салата за состаноци во хотелот Fairmont во Баку го прими азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов, а потоа се состана со турските бизнисмени и претставниците на граѓанските организации.

Шентоп информираше во врска со неговите средби и разговори во Баку и истакна дека заедништвото помеѓу Турција и Азербејџан е креирано околу принципот „еден народ, две држави“.

Тој истакна дека реалноста што се појави со заедништвото помеѓу Турција и Азербејџан е значајна и од аспект на регионалните земји и особено од аспект на турските Републики во Централна Азија.

Велејќи дека најконкретниот пример на тоа е согледан и со поддршката што му ја даде Турција на Азербејџан за време на војната во Карабах, Мустафа Шентоп напомена дека  реалноста што се појави со заедништвото помеѓу Турција и Азербејџан е значајна и од аспект на регионалните земји и особено од аспект на турските Републики во Централна Азија.

Шентоп истакна дека од 1 април се започнати патувањата со лични карти помеѓу Азербејџан и Турција и дека продолжуваат и разговорите за олеснување на слободната трговија помеѓу двете земји, а воедно подвлече дека е значајна и повторната изградба на Карабах.

Нагласувајќи дека Азербејџан го следи развојот за ставање во примена во најскоро време на коридорот Зенгезур со којшто ќе бидат поврзани Азербејџан и Нахчиван и дека на ова прашање иму придава значење и Турција, Шентоп појасни дека овој коридор ќе ја поврзува Турција по магистрален пат со Азербејџан и со турските Републики во Централна Азија.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп додаде дека целта за трговскиот обем помеѓу двете земји во 2023 година е 15 милијарди долари, но порача дека оваа цел може да се надмине и пред 2023 година.

 



Слични вести