Претседателот Ердоган: Турција во борбата против тероризмот ќе стои и покрај Ангола

По остварената средба лице в лице и меѓуделегациските разговори беа потпишани 10 договори помеѓу двете земји, по што двајцата Реџеп Тајјип Ердоган и Жоао Мануел Гонцалвес Лоренцо одржаа заедничка прес-конференција

1681186
Претседателот Ердоган: Турција во борбата против тероризмот ќе стои и покрај Ангола

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се состана со претседателот на Ангола Жоао Мануел Гонцалвес Лоренцо кој на негова покана допатува во посета на Турција.

Претседателот Ердоган својот анголски колега Жоао Мануел Гонцалвес Лоренцо го пречека со официјална церемонија во претседателската палата „Куллијето“ во Бештепе, во Анкара.

По остварената средба лице в лице и меѓуделегациските разговори беа потпишани 10 договори помеѓу двете земји.

Потоа, двајцата претседатели, Реџеп Тајјип Ердоган и Жоао Мануел Гонцалвес Лоренцо одржаа заедничка прес-конференција.

Овде, претседателот Ердоган истакна дека Турција како земја која се има докажано себе си во борбата против тероризмот посебно ќе биде и покрај Ангола по ова прашање.

Велејќи дека со Ангола се реализирани средби во однос на бројни наслови како што се воената сфера, политиката, трговијата и културата, Ердоган информира дека по Генералното Собрание на Обединетите нации заедно со група бизнисмени ќе ја посетат Ангола.

„Ние посакуваме да ги започнеме и посетите на високо ниво. Нашиот трговски обем изнесува 176 милиони долари. За овие две силни земји овој трговски обем е доста мал. Постигнавме согласност за негово зголемување во прва етапа на 500 милиони долари.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Претседателот на Ангола Жоао Мануел Гонцалвес Лоренцо исто така го рече следното: „Турските инвеститори ќе можат со поголема доверба да дојдат да инвестираат во Ангола и на ист начин тоа се однесува и на инвеститорите од Ангола.“

Лоренцо истакна дека посакуваат со договори да биде вратено изгубеното време во текот на долги години и билатералните односи и трговскиот обем помеѓу двете земји да бидат покачени на уште повисоко ниво, достигнувајќи го врвот. 

 



Слични вести