Претседателите на парламентите на Турција, Азербејџан и Пакистан ја усвоија Декларацијата од Баку

На крајот на Првиот трилатерален состанок на претседателите на парламентите на Турција, Азербејџан и Пакистан што се одржа во Баку е усвоена Декларацијата од Баку

1681395
Претседателите на парламентите на Турција, Азербејџан и Пакистан ја усвоија Декларацијата од Баку

Претседателите на парламентите на Турција, Азербејџан и Пакистан ја усвоија Декларацијата од Баку.

Во главниот град на Азербејџан, Баку, со учество на претседателката на Националното Собрание на Азерберјџан Сахиба Гафарова во својство на домаќинка, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и претседателот на Националното Собрание на Пакистан Асад Каисер, се одржа Првиот трилатерален состанок на претседателите на парламентите на Турција, Азербејџан и Пакистан.

По усвојувањето на Декларацијата од Баку на првиот извршен состанок, претседателите на парламентите на Турција, Азербејџан и Пакистан, Мустафа Шентоп, Сахиба Гафарова и Асад Каисер, говореа пред Националното Собрание на Азербејџан.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп истакна дека киренитите односи меѓу Турција, Азербејџан и Пакистан ги дефинираат со именителот „пријателство и братство“ и дека како премиери на парламентите на трите земји ја доживуваат возбудувањето од започнување на една нова иницијатива во Баку.

Шентоп напомена дека посакува оваа иницијатива којашто ќе созрее со заеднички напори и залагања ќе им придаде живот на конкретни проекти коишто ќе ја збогатат уште повеќе меѓупарламентарната соработка.

Велејќи дека повикот што го достави Азербејџан како победничка земја до Ерменија за потпишување на обемен мировен договор го оценуваат како „достоинствена иницијатива“, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп рече: „Веруваме дека одговорот што ќе го даде Ерменија на овој повик со добронамерно и конструктивно сфаќање ќе претставува направилен потег. Се надеваме дека Пашинјан кој и покрај тоа што ја изгуби војната беше повторно избран на одржаните избори на 20 јуни, ќе ја забрза имплементацијата на документите коишто ги потпиша. Доколку овој чекор биде фрлен со искреност повторно би сакал да го истакнам тоа дека ние како Турција ќе одговориме со исто разбирање.“

Претседателот на Националното Собрание на Пакистан Асад Каисер во својот говор му честита на азербејџанскиот народ за извојуваната победа (во Нагорно Карабах) за 44 дена и истакна дека и пакистанскиот народ е задоволен од оваа извојувана победа.

Каисер, заблагодарувајќи им се на Турција и Азербејџан поради заземениот став покрај Пакистан, додаде дека посакуваат да ја видат и имплементацијата на предлозите коишто се изнесени со Декларацијата од Баку.

Претседателката на Националното Собрание на Азерберјџан Сахиба Гафарова, исто така подвлече дека билатералните односи меѓу Турција, Азербејџан и Пакистан се реализираат на основа на заедничка доверба и братство и дека долги години како тие продолжуваат. 

Таа рече: „Поддршката што ја добивме и од Турција и од Пакистан во војната (во Карабах) што ја водевме за правда, ќе остане до крај во нашите мемории и во нашите срца.“

Велејќи дека блиските меѓупарламентарни односи ќе бидат во услуга на развојот на односите меѓу народите, Гафарова нагласи дека исто така и трилатералниот состанок на претседателите на парламентите е од значење од аспект на поддршката на заедничките интереси на меѓународни платформи.

На крајот на Првиот трилатерален состанок на претседателите на парламентите на Турција, Азербејџан и Пакистан, е постигната согласност следниот трилатерален состанок да се одржи во март 2022 година во Пакистан.

 



Слични вести