Чавушоглу разговараше телефонски со својот туниски колега Џеренди

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот туниски колега Осман ал-Џеренди му ја изрази поддршката на Турција на тунискиот народ, а воедно го нагласи и значењето коешто Турција го придава на стабилноста и спокојството на Тунис

1681211
Чавушоглу разговараше телефонски со својот туниски колега Џеренди

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу оствари телефонски разговор со тунискиот министер за надворешни работи Осман ал-Џеренди.

Чавушоглу во телефонскиот разговор на својот туниски колега Осман ал-Џеренди му ја изрази поддршката на Турција на тунискиот народ, а воедно го нагласи и значењето коешто Турција го придава на стабилноста и спокојството на Тунис.

На 25 јули во Тунис беа одржани протести против Владата и опозициските партии на кои учествуваа стотици лица при што во инцидентите до коишто дојде беа извршени напади врз седиштата на политичките партии, а пред се на Движењето Нахда. 

По овие нереди, тунискиот претседател Кајс Саид соопшти дека ги суспендира сите надлежности на Парламентот и имунитетот на пратениците. Тој истакна дека го разрешува од должност актуелниот премиер Хишам ал-Мешиши и дека ќе ја преземе власта со премиер кој ќе го назначи самиот.

Освен тоа тунскиот претседател Саид прогласувајќи се себе си за главен јавен обвинител интервенираше и во судството.

По овој обид за интервенција врз Владата во Тунис, војската не им дозволи да влезат во Парламентот претседателот на Парламентот и воедно лидер на Движењето Нахда Рашид ал-Гануши и на пратениците во негова придружба. 

По ваквите одлуки на тунискиот претседател Кајс Саид, претседателот на Парламентот Гануши го повика народот на водење мирољубива борба и нагласи дека ваквиот чекор којшто нема правна потпора претставува „државен удар“.

Кајс Саид пак, истакна дека презел историска одговорност и дека донесените одлуки се во усогласеност со Уставот.



Слични вести