Претседателот на Собранието Шентоп во Баку примен кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

Приемот се одржа во претседателската палата „Загулба“ во главниот град Баку, беше затворен за медиумите и траеше приближно половина час

1681170
Претседателот на Собранието Шентоп во Баку примен кај азербејџанскиот претседател Илхам Алиев
Mustafa Şentop_Azerbaycan.jpg
sentop baku sehitlik ziyaret.jpg

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп кој престојува во посета на Азербејџан беше примен кај претседателот Илхам Алиев.

Приемот се одржа во претседателската палата „Загулба“ во главниот град Баку, беше затворен за медиумите и траеше приближно половина час.

На примемот присуствуваше и парламентарната делегација која отпатува во посета на Азербејџан во придружба на Шентоп.

Потоа, претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп заедно со претседателката на Националното Собрание на Азербејџан Сахиба Гафарова, претседателот на Националното Собрание на Пакистан Асад Каисер и парламентарните делегации во нивна придружба ги посетија спомен гробот на Хајдар Алиев, Алејата на шехидите (паднатите борци) и гробиштата на турските шехиди во Баку кадешто поставија венец и читаа дови (молитви).

На излегување од гробиштата на шехидите (паднатите борци), Шентоп на овдешните поставени прашања на новинарите, истакна дека ќе биде одржан Првиот трилатерален состанок на претседателите на парламентите на Азербејџан, Пакистан и Турција.

Велејќи дека потоа ќе се формира меѓународен механизам на ниво на претседателско ниво со којшто односите меѓу трите земји ќе бидат доведени во посилна состојба и дека значајниот чекор во оваа насока ќе биде реализиран овде, Шентоп нагласи дека заедништвото, пријателското и братството меѓу Турција, Пакистан и Азербејџан се многу посебни.

Тој рече дека овдешниот состанок е значаен поради тоа што посакуваат ова заедништво да се здобие со конституционална градба.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп додаде дека по програмата во Баку ќе го посетат градот Шуша.

 



Слични вести