Во официјална посета на Турција ќе допатува претседателот на Ангола

На тет-а тет и меѓу делегациските средби со Ангола ќе бидат оценети регионалните и меѓународните случувања, особено во Африка

1680014
Во официјална посета на Турција ќе допатува претседателот на Ангола

На покана на претседателот Реџеп Тајип Ердоган во тродневна официјална посета на Турција ќе допатува претседателот на Ангола, Жоао Мануел Гонсалвес Луренчо.

Според соопштението на Дирекцијата за комуникации при претседателството, на средбите што ќе се одржат за време на оваа прва претседателска посета меѓу двете земји, ќе бидат разгледани односите Турција-Ангола од сите аспекти и ќе се дискутираат можностите за развој на соработката во различни области.

На тет-а тет и меѓу делегациските средби со Ангола, која земја е привремен претседавач со Организација на земјите извознички на нафта ОПЕК и Заедницата на земјите што зборуваат португалски, меѓудругото ќе бидат оценети регионалните и меѓународните случувања, особено во Африка.

Во рамките на посетата ќе бидат потпишани и договори што ќе бидат основа за унапредување и развој на билатералните односи.



Слични вести