Продолжува интензитетот на посетеност на Анталија и Мугла

Летувалците кои преферираа празниците да ги поминат во област Фетије во Мугла, се концентрираа на плажите Белџекиз и Кумбурну во населбата Олудениз

1680036
Продолжува интензитетот на посетеност на Анталија и Мугла

Интензитетот на туристичката посетеност на туристичките центри Анталија и Мугла продолжува и по празникот Курбан Бајрам.

Домашните и странските летувалци освен на светско познатите плажи Коњалти и Лара во Анталија, се концентрираа и на плажите Сарису и Капуташ.

Некои летувалци одморот го поминуваа сончајќи се на лежалките, додека другите од сонцето се обидоа да се заштитат под чадорите на плажа. Летувалците кои често се ладеа со пливање во морето, се забавуваа со своите семејства.

Многу луѓе возеа велосипеди и пешачеа по стазите на плажата.

Летувалците кои преферираа празниците да ги поминат во област Фетије во Мугла, се концентрираа на плажите Белџекиз и Кумбурну во населбата Олудениз.

Оние кои дојдоа во градот Бодрум се обидоа да се разладат пливајќи во морето. Некои туристи одеа на сино крстарење со секојдневни екскурзивни чамци.

Оние кои во марамрис дојдоа на плажите Ичмелер, Узунјали и Јавната плажа на општината Мармарис, исто така се сончаа и уживаа во морето.



Слични вести