Во терористички напад во Ал Баб во Сирија загинаа двајца турски војници, двајца војници се ранети

Министерството за национална одбрана соопшти дека во извршен напад од страна на терористите на ПКК/ЈПГ во Ал Баб во подрачјето на операцијата Еуфратски штит на северот на Сирија станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а двајца војници се ранети

1679630
Во терористички напад во Ал Баб во Сирија загинаа двајца турски војници, двајца војници се ранети

Во реализиран напад од страна на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во подрачјето на Ал Баб во северниот дел на Сирија, станаа шехиди (загинаа) двајца турски војници, а двајца војници се ранети.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана во врска со нападот се истакнува следното: „Во извршен напад од страна на терористите врз едно наше оклопно возило во подрачјето на операцијата Еуфратски штит станаа шехиди (загинаа) двајца наши соборци, а двајца се ранети. /... / По нападот беа утврдени терористичките цели во подрачјето врз кои веднаш беше отворен оган и беа ефикасно погодени.“

Во едно друго објавено соопштение од Министерството се истакнува следното:  „Одговорено е неколкукратно против терористите во чиј напад станаа шехиди (загинаа) двајца наши јуначки соборци во подрачјето на операцијата Еуфратски штит, како резултат на реализираните ефикасни истрели се срамнети со земја терористичките позиции и според првични информации е установено дека се неутрализирани најмалку 7 терористи.“

Во соопштението на Министерството за национална одбрана воедно се вели дека не остана неосветена крвта на шехидите (двајцата загинати војници) и дека продолжуваат операцијата и истрелите против терористичките цели во подрачјето. 

Инаку, подрачјето на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија беше исчистено од терористите со реализираната прекугранична операција од страна на Турските вооружени сили (ТВС) од август 2016 до март 2017 година.

 



Слични вести