Претседателот на Собранието Шентоп утре ќе отпатува во посета на Азербејџан

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп утре ќе замине во посета на Азербејџан

1679760
Претседателот на Собранието Шентоп утре ќе отпатува во посета на Азербејџан

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп утре ќе отпатува за Азербејџан кадешто ќе учествува на Првиот трилатерален состанок на претседателите на парламентите на Азербејџан, Пакистан и Турција.

Состанокот ќе се одржи во главниот град на Азербејџан, Баку на 27 јули во вторник. 

На состанокот ќе се одржи церемонија на потпишување на Декларацијата од Баку.

Пред овој состанок претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп и претседателите на парламентите на Азербејџан и Пакистан ќе бидат примени кај азербејџанскиот

Шентоп освен тоа во Баку ќе учествува и на церемонијата на поставување венец на спомен гробот на Хајдар Алиев и на Алејата на шехидите (паднатите борци), а потоа ќе ги посети гробиштата на турските шехиди во Баку. 

На 28 јули во среда Шентоп ќе се состане со азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп за време на посетата на Азербејџан ќе ги прими и претставниците на турските бизнисмени и граѓански организации, а на29 јули во четврток ќе ги посети Шуша и Фузули по што ќе се врати во земјата.

 



Слични вести