Пораки од Ердоган по повод годишнините од Конгресот во Ерзурум и приклучувањето на Хатај кон Турција

Претседателот Ердоган објави пораки по повод одбележувањето на 102. годишнина од одржувањето на Конгресот во Ерзурум на 23 јули-7 август 1919 година и 82. годишнина од приклучувањето на Хатај кон татковината Турција на 23 јули 1939 година

1679386
Пораки од Ердоган по повод годишнините од Конгресот во Ерзурум и приклучувањето на Хатај кон Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави две одделни пораки по повод одбележувањето на 102. годишнина од одржувањето на Конгресот во Ерзурум (од 23 јули до 7 август 1919 година) и 82. годишнина од приклучувањето на Хатај кон татковината Турција (23 јули 1939 година).

Претседателот Ердоган во објавената порака по повод одбележувањето на 102. годишнина од одржувањето на Конгресот во Ерзурум на кој беа поставени темелите на Република Турција, истакна дека Конгресот во Ерзурум со кој беше изнесено на одлучен начин верувањето во однос на неделивоста и независноста на народот и татковината е од историско значење од аспект на утврдувањето на рутата на Националната борба. 

Подвлекувајќи дека на Конгресот во Ерзурум народот ја прогласи до целиот свет волјата за севкупна одбрана и борба во единство и заедништво против секој вид окупација и интервенција, Ердоган во пораката истакна: „Со донесените одлуки во Ерзурум во својство на 'национален компромис', беа фрлени првите чекори на патот на Борбата за слобода што водеше до Големата победа. Оваа висока свест и волја којашто се покажа себе сѝ во годините на Националната борба, и денеска е нашиот водич и ни придава сила. /... / Со инспирација којашто ја добиваме од нашата историја ќе продолжиме да чекориме со сигурни чекори во единство и заедништво, како и да се залагаме со сета наша сила за голема и силна Турција. На годишнината од Конгресот во Ерзурум со почит и благодарност се сеќавам на сите наши јунаци на нашата борба за независност на чело со Гази Мустафа Кемал, со најискрени чувства (од се срце) ги поздравувам сите наши граѓани.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во објавената порака по повод одбележувањето на 82. годишнина од приклучувањето на Хатај кон татковината Турција (23 јули 1939 година) ја изнесе следната констатација: „Одлуката за обединување на Хатај, центарот за братство и толеранција кој во текот на стотици години бил домаќин на древни цивилизации, со татковината Турција; им придаде сила на нашето единство и нашата целовитост.“

„Со приклештување околу нашите заеднички вредности, како во минатото така ѝ денеска напредуваме со ист елан и со иста одлучност кон иднината.“ - напиша претседателот Ердоган во својата порака.

 



Слични вести