Порака од претседателот Ердоган по повод 98-годишнината од Лозанскиот мировен договор

Претседателот Ердоганво во објавената порака по повод 98-годишнината од Лозанскиот мировен договор изрази одлучност за влез на Турција во 2023 година, на 100-годишнината од формирањето на Републиката, како силна, независна и просперитетна земја

1679605
Порака од претседателот Ердоган по повод 98-годишнината од Лозанскиот мировен договор

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод одбележувањето на 98-годишнината од потпишувањето на Лозанскиот мировен договор (на 24 јули 1923 година, во швајцарскиот град Лозана).

Претседателот Ердоган изрази одлучност за влез на Турција во 2023 година кога ќе се одбележи 100-годишнината од формирањето на Републиката, како силна, независна и просперитетна земја.

Тој истакна дека борбата за независност којашто јуначкиот турски народ и покрај сите неможности, предавство и тешкотии успеа да ја круниса со победа, со Лозанскиот мировен договор беше потврдена и на меѓународно ниво.

Нагласувајќи дека Турција со храборста и инспирацијата коишто ги добива од нејзината историја 98 години како напредува со голема стабилност на патот за изградба на сопствената светла иднина, претседателот Ердоган рече: „Продолжуваме да ги оставаме без резултат (да запаѓаат во вода) предавничките намери насочени против единството, целовитоста на нашата земја и спокојството, мирот и благосостојбата на нашиот народ. Одлучни сме во 2023 година кога ќе ја одбележиме 100-годишнината од формирањето на нашата Република, да влеземе како посилна, понезависна, попросперитетна земја од економски, воен, политички и дипломатски аспект.“

„Критичните успеси коишто ги постигнавме на различни терени од Сирија до Либија и од Источниот Медитеран до борбата против тероризмот, се најјасниот показател на нашата волја по прашањето на одбрана на правата и интерезите на нашата земја“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака по повод одбележувањето на 98-годишнината од потпишувањето на Лозанскиот мировен договор (на 24 јули 1923 година, во швајцарскиот град Лозана) воедно информира дека Турција нема да потклекне пред јазикот на закана, застрашување и уцена на одредени средини во ниту едната од овие наброени сфери на борба и дека ќе продолжи да ги брани своите права коишто произлегуваат од меѓународното право.

 



Слични вести