МНР: Ајасофија и Карије се сопственост на Турција и се чуваат со претпазливост историски, културно и верски

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич рече: „Ајасофија и Карије се сопственост на Република Турција и се чуваат со претпазливост од аспект на историските, културните и верските вредности“

1679556
МНР: Ајасофија и Карије се сопственост на Турција и се чуваат со претпазливост историски, културно и верски

Турција соопшти дека Џамијата Ајасофја-и Кебир Џами-и Шерифи (Големата Џамија Ајасофија) и Џамијата Карије кои се во нејзина лична сопственост се чуваат со претпазливост од аспект на историските, културните и верските вредности.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Танжу Билгич на 44. седница во проширен состав на Комитетот за светско наследство на Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации (УНЕСКО) објави соопштение во врска со прифатената одлука за „Историските знаменитости на Истанбул“.

Потсетувајќи дека Ајасофја-и Кебир Џами- Шерифи (Големата Џамија Ајасофија) и Џамијата Карије кои се наоѓаат меѓу компонентите на „Историските знаменитости на Истанбул“ на Списокот на светското наследство на крајот на правниот процес со одлука на Државниот совет беше преуредена во џамија (повторно отворена за верски обред), Билгич рече: „Ајасофија и Карије се сопственост на Република Турција и се чуваат со претпазливост од аспект на историските, културните и верските вредности.“

Билгич нагласи дека прашањето за тоа со каква цел ќе се користат џамиите Ајасофија и Карије е во врска со суверените права на Турција.

Велејќи дека реставрацијата и другите преуредувања коипто се во тек во врска и со двете монументални објекти не создаваат одредено негативно влијание од аспет на стандардите на УНЕСКО, Билгич истакна дека како што се гледа во мисиите на УНЕСКО во 2019, 2020 и 2021 година се има за цел да бидат зачувани оригиналноста и целовитоста на Ајасофија и Карије.

Танжи Билгич, потенцирајќи дека во донесената одлука на 44. седница на Комитетот за светско наследство во проширен состав чиј посматрач се уште е Турција се гледа дека постојат контрадикторни изрази коишто се косат со извештаите на Консултативната мисија и состојбата на теренот, продолжи со следните зборови: „Турција ги отфрлува членовите на одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за историските места (знаменитости) на Истанбул по прашањето, којашто не е во усогласеност со актуелните применувања (практики), состојбата на теренот и со извештаите на Консултативната мисија, а за којашто се подразбира дека е напишана со предрасуди, пристрасност и со политички мотиви. Оваа состојба е регистрирана со изјаснување кое што е доставено за време на состанокот од страна на нашата делегација.

Турција, во рамките на нејзините ветувања кон Конвенцијата за светско наследство со датум од 1972 година чија е потписничка од 1983 година, со свеста за нејзините права, надлежности и одговорности во однос на регистрираните места во Списокот на светското наследство, ќе ги продолжи своите внимателни и претпазливи активности во однос на одбраната на овие места.“

 



Слични вести