Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 60 лица, регистрирани се 11.094 позитивни случаи

Во Турција во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 60 лицa, направени се 219.528 тестирања од кои дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 11.094

1679292
Борбата на Турција против Ковид-19: Починаа 60 лица, регистрирани се 11.094 позитивни случаи

Во борбата на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 60 лица.

Во изминатите 24 часа се направени 219.528 тестирања, додека дневниот број на регистрирани нови позитивни случаи изнесува 11.094.

Бројот на оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа е 5.215 лица.

Вкупниот број на администрирани вакцини во Турција со првата, втората и третата доза заклучно со денеска 23 јули 2021 година, петок во 22:00 часот по турско време се зголеми на 65 милиони 154 илјади 730.

 



Слични вести