Ердоган оствари одделни телефонски разговори со Рохани и Џаферовиќ

претседателот Ердоган и претседателот на Иран, како и бошњачкиот член на претседателски совет на Босна и Херцеговина, Џаферовиќ меѓусебно си го честитаа празникот Курбан Бајрам

1678543
Ердоган оствари одделни телефонски разговори со Рохани и Џаферовиќ
ruhani-erdogan.jpg
sefik caferovic-erdogan.jpg

 

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари одделни телефонски разговори со иранскиот претседател Хасан Рохани и бошњачкиот член на претседателски совет на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ.

Според соопштението на Дирекцијата за комуникации при претседателството, претседателот Ердоган и претседателот на Иран, Рохани меѓусебно си го честитаа Курбан Бајрам.

На средбата на која беа разменети мислења за билатералните односи и регионалните прашања, Ердоган изрази надеж дека ќе ја продолжат соработката на високо ниво и близок дијалог со новата администрација што ќе ја преземе управата во Иран исто како во периодот на Рохани.

На телефонскиот разговор меѓу претседателот Ердоган и бошњачкиот член на претседателски совет на Босна и Херцеговина, Џаферовиќ, двајцата лидери меѓусебно си го честитаа Курбан Бајрам.



Слични вести