Танжу Билгич: ЕУ е откината од вистините по Кипарското прашање

Портпаролот на Министерството за надворшени работи Танжу Билгич во врска со последната Жозеп Борел го рече следното: „Изјавата претставува нов доказ за тоа колку Европската унија (ЕУ) е откината од вистините по Кипарското прашање“

1678098
Танжу Билгич: ЕУ е откината од вистините по Кипарското прашање

Турција ја критикуваше Европската унија (ЕУ) во однос на тоа дека останува откината од вистините по Кипарското прашање.

Портпаролот на Министерството за надворшени работи Танжу Билгич, во врска со изјавата на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) и воедно потпретседателот на Европската комисија (ЕК) Жозеп Борел што ја даде по посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), ја изнесе следната констатација: „Изјавата претставува нов доказ за тоа колку Европската унија (ЕУ) е откината од вистините по Кипарското прашање.“

На едно поставено писмено прашање во однос на изјавата на Борел во врска со затворената област Мараш за која е одлучено повторно да биде отворена за населување, Танжу Билгич одговори со следните зборови. „Изјавата на Борел по посетата на нашиот почитуван претседател на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), претставува нов доказ за тоа колку Европската унија (ЕУ) е откината од вистините по Кипарското прашање. Оваа изјава којашто е дадена само во име на солидаризација на ЕУ и која е неважечка, ништовна за нас, не значи ништо друго освен да се дејствува како портпарол и застапник на Јужната кипарско-грчка управа и Грција кои го злоупотребуваат своето право на вето внатре во Европската унија (ЕУ). ЕУ со овој нејзин став не е можно да одигрува никаква позитивна улога во решавањето на Кипарското прашање.“ 

Нагласувајќи дека поддршката на Турција на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) по прашањето на донесените одлуки во врска со Мараш е целосна, Билгич рече: „Овие одлуки се во правец на одбрана на правата и на сопствениците на имот во Мараш. Како што истакна и нашиот почитуван претседател, овие одлуки нема да создадат нови оштетувања и поплаки и ќе ги елиминираат поранешните.“

Портпаролот на  Министерството за надворшени работи Танжу Билгич ја повика Европската унија (ЕУ) да ги види вистините и да стави крај на нејзината плитика на игнорирање на кипарските Турци и нивните стекнати права.

 



Слични вести