Претседателот Ердоган: Бегалците кои се засолнуваат кај нас нема да ги фрлиме во скутот на убијците

Претседателот Ердоган рече: „Сѐ додека ние сме на власт во оваа земја Аллаховите слуги кои се засолнаа кај нас (сириските бегалци кои побараа уточиште кај нас) нема да ги фрлиме во скутот на убијците“

1678425
Претседателот Ердоган: Бегалците кои се засолнуваат кај нас нема да ги фрлиме во скутот на убијците

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на крајот на остварената посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) одговараше на прашањата на претставниците на печатот.

Претседателот Ердоган рече: „Сѐ додека ние сме на власт во оваа земја Аллаховите слуги кои се засолнаа кај нас (сириските бегалци кои побараа уточиште кај нас) нема да ги фрлиме во скутот на убијците.“

Велејќи дека ги видоа шаторите во кои престојуваа Сиријците и им изградија куќи со бетонски блокови, Ердоган истакна дека во првата фата се има за цел да бидат изградени 100 илјади куќи со бетонски блокови од кои се завршени некаде околу 50 илјади.

Тој рече дека овде сакаат да бидат сместени еден дел од бегалците и дека тоа е човечки, совесен и исламски начин на приод.

Во врска со Кипарското прашање, претседателот Ердоган истакна дека дојде време да се водат преговори за Кипар помеѓу две држави и дека секој процес на преговори (за Кипар) што ќе започне без притоа да бидат загарантирани законските (стекнатите) права на кипарските Турци, ќе биде осуден на неуспех.

Велејќи „Ја ставивме во примена втората фаза од иницијативата (отворањето на) Мараш“, Ердоган нагласи дека сите чекори се преземени на транспарентен начин, на основа на меѓународното право и продолжи со следните зборови: „Залудно е оваа иницијатива која ќе биде во корист и на двата народа на островот, да се користи како средство за вршење црна пропаганда. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме властите на кипарските Турци на овој пат, којшто е започнат за надминување на оштетувањата.“

Претседателот Ердоган истакна дека дојде време преговорите да се водат помеѓу две држави, а не помеѓу две заедници, по што покажа реакција и против грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Тој рече: „Му реков 'отсега нема смисла да поставуваме трета, четврта земја меѓу нас. Ти го имаш  твојот советник, јас го имам мојот советник. Тие нека ги одржат своите меѓусебни разговори, да ни го достават резултатот. Дали се согласуваме? Се согласуваме.' Штом помина помалку од еден месец од нашата овдешна средба, потоа ти веднаш стана и ги собра околу себе сите непријатели на Турција, колку што ги има во Америка!“

На прашањето „Дали по приемот (претставувањето) во Обединетите нации (ОН) и Европската унија (ЕУ) постои можност Кипарско-грчкиот дел да биде примена во членство на НАТО, како единствен сопственик на островот? Доколку дојде до таков развој кој ќе биде одговорот на Турција на тоа?, претседателот Ердоган одговори со следните зборови: „Ако погледнеме кон договорот на НАТО, како прво овде се додека ние не одговориме позитивно, не е можно Јужен Кипар да влезе во НАТО. Тоа го направија за Грција, но во моментов не може да стане збор за такво нешто. Бидејќи сега во Турција веќе нема Влада како онаа кога ја примија Грција во членство во НАТО. Сега не има нас (се наоѓаме на власт ние). И поради тоа што не има нас, поготово Јужен Кипар апсолутно и никако не е можно да го примат. Бидејќи овде не е можно да ја заобиколат Турција, невозможно е да го примат и Јужен Кипар.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган остро реагираше и на средбата на францускиот претседател Емануел Макрон со претставниците на ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

„Макрон сака да биде добар со мене; вели ’Да не се форсираме повеќе така еден кон друг’. Но, од друга страна, откако ќе поминат неколку дена тие ете рака за рака фрлаат чекор со овие видови продолжетоци на ПКК, на ЈПГ. Згора на тоа моментално ионака овие во коалиционите сили се заедно со Америка. И поради тоа што се заедно со Америка, заедно со коалиционите сили оттаму со префрлувања, особено од Ирак преминуваат на сириска страна. По пат на преминување на сириска страна овде во сериозна смисла им даваат поддршка на терористите.“ - додаде претседателот Ердоган.

 



Слични вести