Ердоган: Ќе ги вложиме сите видови напори за стекнување на Кипарската Турска Држава со широко признавање

Претседателот Ердоган истакна дека ќе ги вложат сите видови напори за стекнување на Кипарската Турска Држава во најскоро време со широко признавање

1678387
Ердоган: Ќе ги вложиме сите видови напори за стекнување на Кипарската Турска Држава со широко признавање

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган им се обрати на своите сопартијци на својата владејачка Партија за правда и развој (АК Партијата) преку видео-конференција на програмата на честитање на Курбан Бајрам. 

Претседателот Ердоган во својот говор се осврна и на Кипарското прашање во врска со што истакна дека ќе ги вложат сите видови напори за стекнување на Кипарската Турска Држава во најскоро време со широко признавање.

„Програмата завчера и вчера (на 19 и 20 јули) на Кипар којашто почнувајќи од арифе ја реализиравме вчера до вечерните часови на првиот ден на Курбан Бајрам, беше значајна од голем број аспекти. Веќе единственото барање на кипарските Турци на меѓународните разговори на масата е да се признае нивниот статус на суверена држава. Сите предлози надвор од тоа ја изгубија својата валидност.“ - рече Ердоган.

Велејќи „Ќе ги вложиме сите видови напори за стекнување на Кипарската Турска Држава во најскоро време со широко признавање“, претседателот Ердоган го рече следното: „За време на нашите дводневни средби на островот видовме дека нашите кипарски браќа се одлучни по ова прашање.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган воедно истакна дека иако епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) со новите варијанти премина во раст во различни земји Турција засега не западна во канџите на оваа закана.

Освен тоа, претседателот Ердоган го додаде и следното: „Со сите наши институции водиме интензивни напори за искористување на најпродуктивен начин на човечките ресурси на нашата земја, на чело со нашите млади.“

 



Слични вести