Турција ја осуди средбата на Макрон со Сирискиот демократски совет (СДФ) поврзан со ПЈД/ЈПГ

Од страна на Министерството за надворешни работи е објавено соопштение во кое се осудува средбата на францускиот претседател Емануел Макрон со припадниците на т.н. Сириски демократски совет (СДФ) под контрола на ПЈД/ЈПГ, сирискиот продолжеток на ПКК

1677908
Турција ја осуди средбата на Макрон со Сирискиот демократски совет (СДФ) поврзан со ПЈД/ЈПГ

Турција ја осуди средбата на францускиот претседател Емануел Макрон со припадниците на т.н. Сириски демократски совет (СДФ) којшто инаку е под контрола на ПЈД/ЈПГ, сирискиот продолжеток на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Од страна на Министерството за надворешни работи е објавено соопштение во врска со средбата на Макрон со припадниците на т.н. Сириски демократски совет (СДФ).

Во соопштението се истанува следното: „Ја осудуваме средбата на францускиот претседател Емануел Макрон со припадниците на СДФ кој инаку е под контрола од ПЈГ/ЈПГ, сирискиот продолжеток на терористичката организација ПКК.

И покрај сите наши напори врската на Франција со крвавата терористичка организација и нејзините продолжетоци кои располагаат со сепаратистичка агенда, им наштетуваат на националната безбедност на Турција, напорите за одбрана на политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија и воспоставувањето на стабилноста во регионот.

Ние ја потсетуваме француската и меѓународната јавност и за вистините дека оваа организација во последно време на крвав начин ги задуши мирните демонстрации на младите кои одбиваа да ѝ се приклучат на организацијата, ги бомбардираа цивилните цели како што беше болницата во Африн, ги напаѓаа сириските цивили вклучувајќи ги и децата и ги убиваа со измачување затворениците.

Уште еднаш повторуваме дека Турција со одлучност ќе ја продолжи својата борба против оваа терористичка организација и нејзините продолжетоци, насекаде“

 



Слични вести