Реакција од Октај против одлуката на Европскиот суд на правдата за носење превез на работно место

Потпретседателот Октај во врска со одлуката на Европскиот суд на правдата за забрана на носење превез на работно место, рече: „Би сакал да го кажам тоа дека жестоко ја осудувам оваа расистичка одлука којашто ја уништува слободата на религијата и совеста“

1677782
Реакција од Октај против одлуката на Европскиот суд на правдата за носење превез на работно место

Потпретседателот Фуат Октај во дадената изјава во Анкара во врска со одлуката на Европскиот суд на правдата (ЕСП) за забрана на носење превез (хиџаб) на работно место, покажа реакција со зборовите: „Би сакал да го кажам тоа дека жестоко ја осудувам оваа расистичка одлука којашто ја уништува слободата на религијата и совеста.“

Критикувајќи ја одлуката на Европскиот суд на правдата (ЕСП) на Европската унија (ЕУ) за забрана за носење превез (хиџаб) на работно место, Октај подвлече дека одлуката е пример на неправда и дека сама по себе претставува насилство и дискриминација.

Потпретседателот Фуат Октај исто така ја честита и 47. годишнина од Мировната операција на Кипар, а воедно им го честита Курбан Бајрам на сите граѓани и на исламскиот свет и посака да стане повод за мир и спокојство.



Слични вести