Претседателот Ердоган: За процесот во Авганистан ќе разговараме со Талибан

Претседателот Ердоган изјави во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) дека за процесот по прашањето на Авганистан ќе се разговара со Талибан кај кој постојат одредени вознемирувања

1677699
Претседателот Ердоган: За процесот во Авганистан ќе разговараме со Талибан

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во дадената изјава во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) кадешто отпатува по повод одбележувањето на 47-годишнината од Мировната операција на Кипар реализирана од страна на Турција на 20 јули 1974 година, истакна дека Турција го разгледува прашањето за управувањето со Меѓународниот аеродром во Кабул, главниот град на Авганистан.

Велејќи дека за процесот по прашањето на Авганистан ќе се разговара со Талибан кај кој постојат одредени вознемирувања, претседателот Ердоган рече: „Доколку бидат исполнети нашите услови ние како Турција размислуваме да го преземеме управувањето со Аеродромот во Кабул.“

Тој се осврна на клучните мировни преговори за Авганистан во Доха, главниот град на Катар, во врска со што го рече следното: „Мислам дека добро ќе го искористиме овој процес. Постојат и други алтернативи и во моментов работиме на нив.“

„Сега постои еден нов период (воспоставувањето на безбедноста на Аеродромот во Кабул). Овде се гледаат три главни авторитети. НАТО, Америка и покрај нив и Турција. Америка донесе одлука за повлекување. Меѓутоа, Аеродромот во Кабул ионака 20 години како е управуван од наша страна и посакаа да продолжи да се управува и во иднина.“ - рече Ердоган.

Појаснувајќи дека постојат услови кон Соединетите Американски Држави (САД) по ова прашање, претседателот Ердоган продолжи со следните зборови: „Ние во моментов гледаме позитивно на тоа (управувањето на Аеродромот во Кабул од страна на Турција). Но додека гледаме позитивно, секако ние имаме одредени услови кон Америка. Прво, Америка во точката на дипломатија ќе стои покрај нас. Второ, во точката на логистиката ќе ги мобилизира за нас нејзините можности. Со каква сила располага во логистичка смисла, оваа сила ќе и ја предаде на Турција. И една друга работа, овде во овој процес ќе има многу сериозни проблеми во финансиската и административната точка. И во оваа точка ќе и ја даде потребната поддршка на Турција. Доколку може да се обезбеди сето тоа, ние како Турција во овој процес размислуваме да го преземеме управувањето со Аеродромот во Кабул.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган исто така потсети дека постојат одредени недоразбирања кај Талибан во врска со што го подвлече следното: „По пат на разгледување на овој процес и со Талибан, онака како што Талибан одржа одредени разговори со Америка, секако Талибан овие разговори да ги оствари многу полесно и со Турција... /...Постои процес кој што од Доха тече натаму, мислам дека ќе го искористиме добро и тој процес. Постојат и други алтернативи и во моментов ги продолжуваме нашите работи и преку тие алтернативи.“

 



Слични вести