Претседателот Ердоган го посети спомен-музејот, родната куќа на Алпарслан Туркеш во Лефкоша

Претседателот Ердоган во Лефкоша го посети и спомен-музејот, родната куќа на покојниот основачки лидер на Партијата за национално движење (МХП) Алпарслан Туркеш

1677565
Претседателот Ердоган го посети спомен-музејот, родната куќа на Алпарслан Туркеш во Лефкоша

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на посетата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во Лефкоша го посети и спомен-музејот, родната куќа на покојниот основачки лидер на Партијата за национално движење (МХП) Алпарслан Туркеш. 

За време на оваа посета претседателот Ердоган беше придружуван од страна на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, претседателот на Партијата за национално движење (МХП) Девлет Бахчели и потпретседателот на Партијата за правда и развој (АК Партијата) Бинали Јилдирим. 

Овде, претседателот Ердоган беше информиран во врска со спомен-музејот и се потпиша во спомен книгата.

На претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на посетата на спомен-музејот, родната кужа на Алпарслан Туркеш,  покојниот основачки лидер на Партијата за национално движење (МХП), од страна на едно дете му беше врачено цвеќе.



Слични вести