Порака со сочувство од Турција за загинатите во терористичкиот напад во ирачкиот главен град Багдад

Министерството за надворешни работи жестоко го осуди терористичкиот напад што се случи завчера на арифе, еден ден пред Курбан Бајрам, на еден пазар во областа Садр во ирачкиот главен град Багдад, а во кој загинаа и се ранети голем број лица

1677964
Порака со сочувство од Турција за загинатите во терористичкиот напад во ирачкиот главен град Багдад

Турција објави порака со сочувство за загинатите во терористичкиот напад во главниот град на Ирак, Багдад.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дознаено за големиот број загинати и ранети лица во експлозијата што се случи завчера на арифе, еден ден пред Курбан Бајрам, на еден пазар во областа Садр во ирачкиот главен град Багдад.

Во соопштението се вели дека жестоко се осудува овој кукавички терористички напад чија цел е да се наруши спокојството и стабилноста во Ирак и дека на загинатите во нападот им се посакува милост од Аллах, а на ранетите побрзо оздравување. 

„По тој повод уште еднаш повторуваме дека сме спремни да ја дадеме секој вид поддршка на борбата на Ирак против тероризмот и го изразуваме нашето сочувство до ирачката Влада и до пријателскиот и братски ирачки народ.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Завчера, на арифе, еден ден пред празникот Курбан Бајрам се случи експлозија на еден пазар во областа Садр во источниот дел на ирачкиот главен град Багдад.

Според добиени информации од функционери на Дирекцијата за здравство во Багдад, во експлозијата загинаа најмалку 30 лица, а повеќе од 60 мина се ранети.



Слични вести