Обраќањето на претседателот Ердоган до нацијата по повод 15 јули

„Додека секој припадник на нашата нација ќе се сеќава на ова невидено предавство, поцврсто ќе се држи до нашата независност и иднина“

1677610
Обраќањето на претседателот Ердоган до нацијата по повод 15 јули

 

Претседателот Ердоган во обраќањетодо нацијата на петтата годишнина од обидот за воен удар на 15 јули рече: „Овој обид за државен удар, кој започна на 15 јули 2016 годинапеток навечер и заврши следниот ден, згазен под нозете на нашата нација, своето место во нашата историја го зазеде како завиден пример. Сè додека секој припадникна нашата нација, со генерацииќе се сеќава на ова невидено предавство, попоцврстоќе се држи до нашата независност и иднина.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во рамките на програмите за одбележување на 15 јули, Денот на демократијата и националното единство, од Претседателскиот комплекс и се обрати на нацијата.

Во своето обраќање до нацијата, кое беше споделено во живо со јавноста, претседателот Ердоган рече:

„Драга моја нација, ве поздравувам со најсрдечните чувства и наклонетост. Денес се одбележува петтата годишнина од најподмолниот напад и еден од најславните отпори во опстојувањето на нашата држава и нација. Својот говор би сакал да го започнам посакувајќи Божја милост за нашите 251 жртви кои таа ноќ, за време на нивната борба, своите животи ги положија како да влегуваа во градина со рози, „славни како лавовите на Бедр“.

Нашите жртви, од кои секој има поинаква приказна, со своето херојство кое наликува на „Ајде да те забележиме во историјата“, на сите оние коишто сакаа да го ископаат гробот на оваа нација, им ја дадоа потребната лекција. Затоа ние, нашиот долг на лојалност и почит кон нашите жртви, се стремиме да го отплатиме излегувајќи во пресрет на нивниот аманет што го оставија зад себе и кои го достигнаа највисокиот ранг пред нашиот Господ, најчесната позиција по пророштвото.

„НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИМЕ ПРЕДАВСТВОТО НАПРАВЕНО  НА НАШАТА ЗЕМЈА И НАЦИЈА

На сите мажи и жени, млади и стари, студенти и наставници/професори, работодавци и работници, државни службеници и еснафот, накратко на луѓето од сите возрасти, професии и слоеви на животот… Сакам да им изразам голема и длабока благодарност на нашите браќа и сестри кои беа почестени со статус на ветеран за време на нивната борба против „овој бесрамен и неморален напад, бранејќи ја земјата со нивните голи тела“, исполнувајќи ги улиците и плоштадите, отсекувајќи ги патиштата, по потреба со бркање, предавање на пучистите,  покажувајќи им на пучиситите како се води борба за за татковината.

Наши сведоци нека бидат љубовта на нашата нација кон независноста којашто му се поклонува на Бога, виорењето на нашето знаме за слободно живеење и гласот на нашите езани што вечно ќе оддекнуваат над нашата земја; Никогаш нема да го заборавиме предавството направено на нашата земја и нација. Ја бараме и ќе продолжиме да ја бараме сметката за оваа подлост од сите предавници што ги фативме и идентификувавме, а кои беа одговорни. И на другиот свет, ќе ги стигнеме овие другари на ѓаволот и нема да ги оставиме дури на судниот ден.

Драга моја нацијо, овој обид за државен удар, кој започна на 15 јули 2016 година, во петокот навечер и заврши следниот ден, беше згазен под нозете на нашата нација и своето место во нашата историја го зазеде како завиден пример. Бидејќи сè додека секој припадник на нашата нација се сеќава на ова невидено предавство со генерации, поцврсто ќе се држат до нашата независност и иднина.

Нашата земја, низ историјата на Републиката беше изложена на многу државни удари, обиди за државен удар и терористички напади. Но, она што се случи таа вечер ни покажа како овие предавници, кои вперија оружје кон сопствената држава, сопствениот народ и ја пролеаја крвта на невините, може да се претворат во најмизерни суштества на светот.

Во суштина, еден од елементите што нацииите ги прават нација се токму такви победи во нивната историја што се испреплетени со болка, душа и крв. Знаеме дека нашата милениумска татковина не е градина со рози без трње и скоро секој ден го поминуваме со борба. Ние илјада години ја плаќаме цената за правење и зачувување на оваа географија во татковина, која е привлечна и омичена за секоја земја и општество во светот. Факт е дека кога ќе видиме што се сè случило во последните неколку века во нашето блиско опкружување, ја добиваме цената за спасување на нашето единство, солидарност, братство, држава и иднина.

„НЕ РАЗБИРААТ ДЕКА ИЗЛЕГУВАМЕ ВО ПРЕСРЕТ НАЕДНА ГОЛЕМА ЦИВИЛИЗАЦИЈА И ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО

Нападите што ги доживеавме во изминатите осум години под различни појави, укажуваат на тоа дека ќе продолжи нашата борба за заштита на татковината. Целта на сценаријата остварени преку различни терористички организации како што се ПКК, ДЕАШ и ФЕТО е да ја натераат нашата земја да потклекне, да ја заробат нашата нација, да ги ограбат нашите територии. Двојниот стандард против Турција прикажан на сите меѓународни платформи во кои се наоѓаме е само една друга димензија на истото сценарио.

Доаѓајќи од илјадници, десетици илјади километри далеку под изговор дека водат борба против тероризмот; сите оние коишто пролеаја крв и солзи на оваа заедничка географија, оние што ја затемнуваат иднината на милиони луѓе, се лути затоа што не можат да ја натераат и Турција да ја сподели истата судбина. Сите оние коишто мислат дека нашата земја ја користат како штит за сопствената безбедност и удобност, не разбираат дека ние всушност излегуваме во пресрет и заштитуваме една голема цивилизација и историско наследство. Нашите напори и пожртвуваност за обезбедување и воспоставување мир, спокојство, стабилност и безбедност во нашиот регион се гласот на чекорите на будењето кое станува се посилно на патот кон изградбата на голема и силна Турција.

Оние што се обидоа да создадат социјални пукнатини со настаните наречени Гези, не можеа да видат дека всадија единство и солидарност во нашето тело. Сите оние коишто со обиди за државен удар, со уништување на волјата на нацијата сакаа да ја зграпчат нашата држава, не успеаја да сфатат дека уште повеќе ја зајакнаа последната алка на илјадагодишната традиција. Сите оние коишто на нашите територии ни се закануваа користејќи терористички организации, не можеа да разберат дека со она што го сторија, во суштина го зајакнаа нашето братство.

„НЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА СПРЕЧАТ ИЗГРАДБАТА НА ГОЛЕМА И СИЛНА ТУРЦИЈА“

Сите оние коишто се обидоа да ја одделат нашата земја од географиите со кои таа има длабоки историски и културни односи, не можеа да сфатат дека тие самите одиграа клучна улога во воспоставувањето на многу посилни духовни и меѓусебни врски. Сите оние коишто на нашите барања за права и правда кои ги искажавме во име на целото човештво, гледаат како на нивното политичко лицемерие, не успеаја да ја сфатат тајната како станавме глас, здив и надеж на угнетените. Како што ноќта на 15 јули не можеа да разберат како нашата нација со голи раце ги запре најмодерните воени возила во светот, исто така не можеа да ја откријат причината за ставот на нашата земја во однос на другите прашања.

Додека, ние, она што го сакаме само за нас, го сакаме истото за целата наша географија, за сите наши пријатели, за целото човештво. Бидејќи тоа го правиме искрено, без да ги криеме другите наши намери, затоа сме прифатени и почитувани каде и да одиме. Ова вчера го сторивме во Сирија, во Либија, во Карабах. Утре, се надевам, ќе застанеме покрај нашите браќа во Авганистан и на други места со иста искреност и правичност.

15 јули не е само симбол за заштита на сопствената независност и иднина во нашата земја, туку и на оваа голема визија. Се разбира, како и секое друго прашање, овој факт важи за оние очи кои сакаат да гледаат, за уши кои сакаат да слушаат, за јазици што сакаат да зборуваат, за умови кои сакаат да разберат, за срца кои сакаат да чукаат од радост, за души кои сакаат да бидат исполнет со надеж.

Фала му на Господ, нашата нација не разбира, ни ја покажува насоката и чекори заедно со нас. Затоа на сите оние кои што се обидуваат да ја заробат нашата земја, исто како и пред еден век им порачуваме: „Турција не може да се помине“. Тоа е причината зошто на болните амбициозни луѓе кои водат подмолни намери против нашата нација им велиме „нема да успеете“. Тие не успеаја вчера, не успеаја денес, се надевам дека нема да успеат утре, не ќе можат да ја спречат изградба на голема и силна Турција.

„НАШИОТ СОПАТНИК Е НАШАТА НАЦИЈА“

Нека оди, кој со кого оди. Наш сопатник е нашата нација. Наш сопатник се сите наши жртви од Малазгирт (Манцикерт) до Освојувањето на Истанбул, од Чанакале до Војната за независност, од истоварувањето на Кипар до 15 јули. Наши сопатници се нашите ветерани, сите исполнети со голема решеност да се борат. Наши сопатници се молитвите на нашите белобради мудри дедовци и баби со бели туљбенти. Наш сопатник е надежта на угнетените низ целиот свет чии срца, души и очи се вперени кон нас. Наши сопатници се сите наши млади луѓе, деца, чии срца се исполнети со возбуда, проекти и кои својата насока ја свртија кон 2053 година, себе и својата земја. Останатото се празни зборови.

Знаете, Архимед вели: Дајте ми место на кое можам да застанам и јас ќе ја поместам Земјата. Ние велиме дека со оваа голема нација, ќе го поместиме светот, ќе доминираме над светот и ќе направиме нашиот глас да се слушне во универзумот. Алах да ни помогне.

Велиме Господ повторно да не нè тестира со предавства како 15 јули. Го молиме Господ да ги заштити нашата земја и нашата нација. Ние велиме дека Господ ќе ни ја олесни секоја работа и да ни го отвори патот за достигнување на предвидената цел.

Со овие мисли ги завршувам моите зборови и уште отсега ви го честитам Курбан Бајрам, кој ќе го одбележиме во вторник. Го молам Господ да ја просперира нашата нација, муслиманите и целото човештво за доброто на овие благословени денови. Изразувам  љубов и почит кон сите вас. Останете со здравје“.



Слични вести