Министерот Сулејман Сојлу: Сфера во која Турција е најсилна, е борбата против илегалната миграција

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека сфера во која Турција е најсилна, е борбата против илегалната миграција

1677574
Министерот Сулејман Сојлу: Сфера во која Турција е најсилна, е борбата против илегалната миграција

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу објави соопштение на својот профил на социјалната медија кадешто истакна дека сфера во која Турција е најсилна,  е борбата против илегалната миграција.

Сојлу рече: „Сфера во која Турција е најсилна, е борбата против илегалната миграција. Исто така сфера во која Турција е најсилна е нејзиното застанување во одбрана на оштетените и угнетените поради граѓанските војни и тероризмот во нивната татковина, оние кои се подложени на зулум и злосторство и одбраната на човештвото.“

Министерот Сојлу напомена дека додека Западот сѐ уште не беше свесен за интензивната миграција Турција ја формира својата политика кон нерегуларната миграција, своите политики за усогласување и договорите за враќање назад во изворните земји на миграцијата.

 Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу исто така нагласи дека и покрај сите случувања во нејзиното опкружување Турција го прави она што му доликува на нејзиниот племенит народ во однос на управувањето со миграцијата и се што може да направи за териториите на коишто живееле неговите предци и неговите соседни земји.



Слични вести