Ердоган: Со конкретни проекти ќе продолжиме да стоиме покрај Турската Република Северен Кипар

Претседателот Ердоган истакна дека со реализација на конкретни проекти ќе продолжат да стојат покрај Турската Република Северен Кипар (ТРСК) која веќе почна да се крева на нозе

1677907
Ердоган: Со конкретни проекти ќе продолжиме да стоиме покрај Турската Република Северен Кипар

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на својата посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) учествуваше и на церемонијата на колективно ставање во примена на неколку новоизградени објекти и на свечено поставување на камен темелникот за изградба на неколку нови објекти во Лефкоша.

Претседателот Ердоган истакна дека со конкретни проекти ќе продолжат да стојат покрај Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Ердоган во говорот што го одржа на свеченото откривање на Споменикот на мирот и слободата на плажата за истоварување Јавуз и на отворањето на бродот музеј, на бродот којшто беше искористен за истоварување за време на Мировната операција на Кипар на 20 јули 1974 година, го рече следното: „Со искрената соработка којашто е воспоставена меѓу општините на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), го зацврстуваме нашето братство и во локалната самоуправа.“

Тој рече: „Голем број општини во нашата земја со проектите коишто ги реализираат во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) ги пренесуваат своите искуства на островот и даваат поддршка. Ќе продолжиме да бидеме покрај вас со конкретни проекти. Ќе продолжиме да стоиме покрај вас. И додека го правиме тоа ќе размислуваме и за иднината на овој убав остров.“

Претседателот Ердоган на свеченото отворање на Северната обиколница во Лефкоша истакна дека проектот на Северната обиколница во Лефкоша во голем мера ќе го олесни сообраќајот и ќе обезбеди заштеда во време и гориво.

Ердоган напомена дека воедно се работи и на зајакнување на дигиталната инфраструктура на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) така што изградбата на Центарот за податоци чиј камен темелник се поставува денеска го претставува најзначајниот столб на проектот е-држава.

Претседателот Ердоган рече: „Северен Кипар веќе се крева на нозе. Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) ќе го прошириме целосно дигиталниот период во Северен Кипар. Мараш ќе биде отворен во рамките на меѓународното право без притоа да му се наштети на правото на никого и повторно ќе се стекне со неговите убави денови. Се ставаат во примена нови проекти коишто ќе го заживеат регионот. Едниот од нив е и паркот со фонтана чија оригинална архитектура ќе биде сочувана и ќе биде ставена во примена како градина со чајџилница.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека проектите коишто ќе бидат ставени во примена заедно за развојот на Северен Кипар ќе продолжат да се следат одблизу со посредство на потпретседателот Фуат Октај.

 



Слични вести