Ердоган: Ние сме во право по Кипарското прашање и затоа ќе го браниме нашето право до крај

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата по повод одбележувањето на 47. годишнината од Мировната операција на Кипар, го рече следното: „Ние сме во право и затоа ќе го браниме нашето право до крај“

1677771
Ердоган: Ние сме во право по Кипарското прашање и затоа ќе го браниме нашето право до крај
Erdoğan_Kıbrıs_20_07_2021_b2.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој престојува во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) денеска учествува на церемонијата по повод прославите на 20 јули, Празникот на мирот и слободата, на одбележувањето на 47. годишнина од Мировната операција на Кипар реализирана од страна на Турција, на 20 јули 1974 година.

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа овде рече: „20 јули е ден кога е ставен крај на зулумот (тиранијата) и ден на слободата, ден кога дојде мирот на Кипар.“

Ердоган напомена дека кипарските Грци никако не можат да се разбудат од грешката за сметање на кипарските Турци за малцинство и негирањето на решението засновано на еднаквост, по што го рече следното: „Кипарско-грчката страна инсистира со продолжување својот максималистички, неискрен и разгален став откинат од вистините.“

Критикувајќи ја и Европската унија (ЕУ), Тој рече: „Европската унија (ЕУ) ќе му дадеше финансиска и административна поддршка на Северен Кипар. Дали даде, не. Животот на овие им е поставен над лага.“

Во врска со Кипарско-грчката управа, претседателот Ердоган го истакна следното: „Можеме да видиме дека сѐ уште има такви кои копнеат по масакрите од пред 1974 година. Овие не се искрени.“

Ердоган се осврна и на Кипарскиот проблем во врска со што рече: „Ние сме во право и затоа ќе го браниме нашето право до крај. Веќе нема никаква валидност непослушниот став којшто не е променет со децении и за кој и во кусо време не се очекува да се промени. Никој да не очекува од нас веќе да се вратиме назад. Во Мараш под светлината на работите коишто се водат, придржувајќи се притоа кон имотните права, ќе бидат отворени вратите на еден нов период којшто ќе биде во полза на секого.“

Велејќи никој да не очекува од кипарските Турци да се откажат од еднаквиот статус и од својата сувереност, како и да прифатат да живеат како малцинство под управата на кипарските Грци, претседателот Ердоган рече: „Да не извинат, но не 47, кога би поминале дури и 147 или 247 години, кипарскиот турски народ нема да направи отстапка од својата независност и сувереност.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, во врска со изјавите на кипарско-грчката за активностите за сондажа рече: „Кој реализира еднострани активности, а кој ја зголемува затегнатоста оставам да пресуди совеста на меѓународната заедница.“

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар пак, во говорот што го одржа на церемонијата го рече следното: „Ние како сопственици на еднакви права над природните извори во нашиот континентален гребен околу островот Кипар, сме одлучни заедно со Турција да застанеме во нивна одбрана. Оние кои ги напаѓаат Мировната операција и татковината Турција, продолжуваат да ги искривуваат историските вистини. Отворањето на Затворениот Мараш ќе се реализира со посредство на Комисијата за недвижнини со почитување на имотните права и правото.“

 



Слични вести