Во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека во областа Метина во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1677340
Во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 терористи

Во областа Метина во северниот дел на Ирак се неутрализирани 5 мина терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат да ги срамнуваат со земја терористичките дупки (пештери) во северниот дел на Ирак.

Во соопштението се вели следното: „Во рамките на операцијата Шепа-Молња од страна на хеликоптерите Атак се неутрализирани 5 мина терористи кои се установени во Метина во северниот дел на Ирак.“



Слични вести