Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ му достави хуманитарна помош на Појасот Газа

Хуманитарната помош составена од 10 шлепери преку копнениот граничен премин помеѓу Египет и Газа „Рефах“ пристигна во областа и овде ѝ е предадена на палестинската Црвена полумесечина

1677168
Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ му достави хуманитарна помош на Појасот Газа

Конвојот со хуманитарна помош на турската Црвена полумесечина "Кизилај" поминувајќи низ граничниот премин Рефах пристигна во Појасот Газа кој се наоѓа под блокада.

Хуманитарната помош составена од 10 шлепери преку копнениот граничен премин помеѓу Египет и Газа „Рефах“ пристигна во областа и овде ѝ е предадена на палестинската Црвена полумесечина.

Доставената хуманитарна помош на Газа освен од подготвени пакети со храна се состои од медицинска опрема, хигиенски средства и облека.

Инаку, Израел од 2006 година досега го држи под блокада од копно, море и воздух Појасот Газа кадешто живеат приближно 2 милиони Палестинци.



Слични вести