Претседателот Ердоган во посета на Турската Република Северен Кипар

Претседателот Ердоган на аеродромот Ерџан во Лефкоша беше пречекан од страна на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар со официјална церемонија

1677503
Претседателот Ердоган во посета на Турската Република Северен Кипар
erdogan kktc.jpg
erdogan kktc1.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган отпатува во посета на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Претседателот Ердоган на аеродромот Ерџан во Лефкоша беше пречекан од страна на претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар со официјална церемонија.

Ердоган на аеродромот и во околината беше пречекан со овации од страна на голем број граѓани со знамиња во рацете.

Претседателот Ердоган, во рамките на посетата ќе одржи говор на специјалната седница на Републичкото Собрание на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) кадешто ќе соопшти и една радосна вест.

Ердоган воедно ќе учествува и на церемонијата што ќе се одржи по повод 20 јули, Празникот на мирот и слободата.

На средбата помеѓу претседателот Ердоган и претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар освен најновите случувања во Источниот Медитеран ќе бидат разгледани со сите нивни страни и односите помеѓу Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), а ќе бидат разменети мислења во врска со „Кипарската кауза“.

Освен тоа претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на посетата заедно и со претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар ќе учествува и на колективната церемонија што ќе се одржи по повод свеченото отворање и поставување на камен темелникот на различни проекти во Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

 



Слични вести